Search

Петар Симонов од Бутел го фати крстот во Загреб на Водици

Петар Симонов од Бутел го фати крстот во Загреб на Водици

Македонците од Загреб заедно со дел од навивачката фаланга, челниците на Ракометната федерација на Македонија (РФМ) претседателот Живко Мукаетов и генералниот секретар Филип Милошевск и директорот на Агенцијата за млади и спорт (АМСМ) Дарко Каевски, го прославија христијанскиот празник Богојавление со сите православни обичани.

Празничната литургија и традиционалното фаќање на крстот се одвиваше во Македонската православна црква „Света Злата Мегленска“, а крстот во Загреб го фати Петар Симонов од Скопје.

Протоереј Кирко Велински, свечената црковна литургија ја збогати и со благослов за македонските ракометари кои веќе се во Вараждин и се подготвуваат за втората фаза од ЕП во Хрватска, Им посака, здравје и среќа и да продолжат да му носат радост на мекедонскиот народ со нови успеси.

 

Треба да знаете
Последни објави