Search

На Партизанска украден „голф 6“

На Партизанска украден „голф 6“

На булеварот Партизански одреди вчера попладне е украден „голф 6“ со скопски регистарски таблички во кој имало, лап топ, ајпод мини и еден пар скијачки чизми.

Како што соопшти МВР, случајот го пријавил Б.П.(25), а непознатото лице кое ја извршило кражбата стекнало противправна имотна корист од околу 700.000 денари.

Разбојникот дошол до паркираното возило кое било запалено и со оставен клуч во бравата, влегол, го ставил во движење и заминал.

 

Треба да знаете
Последни објави