Search

Тетовец еден месец присилно држел девојка во својот дом

Тетовец еден месец присилно држел девојка во својот дом

Тетовската полиција поднела кривична пријава против 20-годишниот М.Ф. (20) од тетовското село Пирок поради сомнение за сторено кривично дело противправно лишување од слобода.

Како што информираат од МВР, М.Ф. на 6 октомври минатата година во Гостивар упатил закани кон Е.А. (18) од гостиварското село Сенокос, со што ја наговорил да влезе во такси, со кое потоа се упатиле во домот на пријавениот.

Кога пристигнале, пријавениот ѝ соопштил на Е.А. дека таа ќе му биде сопруга, по што ја држел во својата куќа до 15 ноември 2017 година. Тој ден од телефонот од таткото на пријавениот девојката му се јавила на татка си.

Родителите и братот на Е.А., заедно со полициски службеници, пристигнале во село Пирок и си ја зеле девојката.

Треба да знаете
Последни објави