Search

Иванов стави вето на Законот за јазиците

Иванов стави вето на Законот за јазиците

Претседателот Ѓорге Иванов во вечерашното обраќање соопшти дека нема да го потпише указот за прогласување на Законот за употреба на јазиците.

– Наместо во духот на дијалогот и соживотот да градиме мултиетничко општетство преку праведни и општо прифатени закони ние донесуваме неправеден и репресивен закон со кој се фаворизира само албанскиот јазик, Затоа имајќи ги предвид моите согледувања за неусогласеноста на Законот за употреба на јазиците со Уставот, но и изнесените укажувања на експертската и пошироката јавност за противуставноста на овој закокн, а врз основа на член 75 од Уставот на РМ донесов одлука да не го потпишувам указот за прогласување на Законот за употреб ана јазицит, рече Иванов.

Иванов оцени, дека со овој закон се воведува многу скап паралелизам во сите органи на државната власт што води кон нивна целосна блокада и нефункционалност и оти во услови на блокада постои опасност, додаде, да се отвори прашањето за уставното редефинирање и загорзување на унитарноста, суверенитетот и теротијралниот интегритет на РМ.

Претседателот Иванов информира дека денеска упатил писмо до Собранието на РМ со кое информирам дека не го потпишува указот за прогласување на Законот, а во прилог на тоа писмо било доставено и деталното правно образложение на беговата одлука. Упати апел и до пратениците во Собранието.

– Ги повикувам пратениците на Собранието на РМ вниматлено да ги разгледаат моите забелешки. Очекувам од нив одговорно и совесно да постапат затоа што само така ќе дојдеме до сеопфатно решение за вистинско унапредување на употребата на јазиците без притоа да се создават поделби, рече претседателот Иванов во вечерашното обраќање

Треба да знаете
Последни објави