Search

Фудбалските клубови со највисоки приходи

 

Манчестер Јунајтед е фудбалскиот клуб со најголеми приходи, објави УЕФА во својот годишен извештај.

Податоците покажуваат дека 700-те најбогати клубови оствариле приходи од 18,5 милијарди евра за 2016-та година во однос на 16,9 милијарди евра за една година порано и 2,8 милијарди евра пред 20 години.

Сепак, речиси половина од овие средства беа генерирани од само 30 фудбалски клубови.

На челно место се „црвените ѓаволи“ со приходи од 689 милиони евра, што претставува зголемување во однос на 2015-та година од над 32% во однос на реализираните за 2015-та година 521 милиони евра.

Јунајтед се следени од Барселона и Реал Мадрид (и двата клуба генерира 620 милиони евра за 2016-та година), како и Баерн Минхен (592 милиони евра), ПСЖ (542 милиони евра) и Манчестер Сити (533 милиони евра).

Оперативната добивка на Манчестер Јунајтед е повторно највисока наспроти сите други континентални клубови. Таа изнесува 232 милиони евра, што е повеќе од следните во рангирањето Реал Мадрид, ПСЖ, Баерн Минхен, Арсенал и Манчестер Сити.

Во извештајот се наведува дека клубовите во англиската Премиер лига генерираат највисоки приходи во Европа, во просек по 244,4 милиони евра по клуб. Следат тимовите од Германија – 149,6 милиони, Шпанија (126,3 милиони) и Италија (100,2 милиони).

Просечниот приход на клубовите во Холандија изнесува 26,7 милиони евра, а во Португалија 20,3 милиони евра.

Приходите во Грција се само 8,9 милиони, но за Источна Европа тие се дури и пониски. За Унгарија тие изнесуваат 5 милиони евра, 4,4 милиони евра за Чешка и 1,5 милиони евра за Словенија.

Платите на играчите во 2016-та година пораснаа за 8,6 отсто, додека највисоките трошоци ги има Барселона кои изнесуваат 372 милиони евра.

12-те најголеми и најпопуларни клубови во Европа – шесте големи од Англија, плус Реал и Барселона од Шпанија, Баерн и Борусија Дортмунд од Германија, како и Јувентус (Италија) и ПСЖ, ги зголемија приходите од реклами со близу 2 милијарди евра помеѓу 2010-та и 2016-та година, според извештајот на УЕФА, цитиран од Ројтерс.

Треба да знаете
Последни објави