Search

Светските медиуми пишуваат за убиството на Ивановиќ: Ќе се зголемат тензиите по смртта на “еден од клучните политичари на северот на Косово”

 

BBC во својот извештај наведува дека бил убиен истакнатиот српски политичар на Косово, Оливер Ивановиќ, кој “се смета за еден од умерените лидери на косовските Срби”.

Светските медиуми ја пренеле денес веста за убиството на Оливер Ивановиќ, а “Associated Press” оценува дека овој напад најверојатно ќе ги зголеми етничките тензии на Косово. 

“AP” пренесува дека претседателот на Србија, Александар Вучиќ по тој повод свикал итна седница на Советот за национална безбедност, по која ќе се обрати во јавноста.

Американската агенција во извештајот од Косовска Митровица јавува, повикувајќи се на адвокатот на Ивановиќ, дека политичарот им подлегнал на повредите откако утрово бил застрелан пред просториите на својата партија, а го опишува како “еден од клучните политичари на северот на Косово, во главно населен од Срби”.

Американската агенција потсетува дека косовскиот суд го осудил Ивановиќ за воени злосторства извршени во текот на судирите во 1998-1999. година, со напомена дека пресудата била поништена и дека имало ново судење во тек.

BBC во својот извештај наведува дека бил убиен истакнатиот српски политичар на Косово, Оливер Ивановиќ, кој бил “сметан за еден од поумерените лидери на косовските Срби”.

И руската агенција “Tas s” пренела дека лидерот на Граѓанската иницијатива “Србија, демократија, правда”, Оливер Ивановиќ, утрово бил убиен во Митровица. “Tas S” пренесува и дека луѓето во голем број се собираат пред седиштето на партијата и болницата, како и дека полицијата ги блокирала околните улици.

Француските медиуми, повикувајќи се на извори од партијата на Ивановиќ, известиле дека Ивановиќ, кого го опишуваат како важен српски политичар на Косово, утрово бил убиен од огнено оружје во српскиот дел на Митровица.

“На чело на локалната социјалдемократска партија, сметан е за умерен српски политичарво градот кој останува поделен на северен дел, населен од Срби, и јужен дел, населен од косовски Албанци”, наведува “Figaro”.

“Радио Слободна Европа” објавило кратка биографија за Ивановиќ, истакнувајќи дека на последните локални избори на 22. октомври 2017. година, поради заплашувања на северот на Косово, четворица од неговата листа се повлекле, а неодамна во Северна Митровица му бил запален и автомобилот.

На тоа потсетува и “Deutsche welle”, наведувајќи дека Ивановиќ повеќе од 2 години минал во притвор поради наводни воени злосторства.

Албанските медиуми за убиството на Ивановиќ

“PortalAlb”, покрај веста за неговото убиство, објавил и негова биографија со наслов: “Кој го уби Оливер Ивановиќ, познат српски политичар”.

Порталот пренесува и дека делегацијата на Белград во Брисел, по веста за убиството на Ивановиќ, го прекинала закажаниот дијалог.

Треба да знаете
Последни објави