Search

Пендаровски: Единствениот кохезивен проект меѓу Македонците и Албанците е влезот во НАТО

Пендаровски: Единствениот кохезивен проект меѓу Македонците и Албанците е влезот во НАТО

Националниот кординатор на Македонија во НАТО Стево Пендаровски, вечерва изјави дека посетата на генералниот секретар на НАТО во земјава се случува во момент кога Македонија се наоѓа на важна крстосница.

– Генералниот секретар на НАТО доаѓа да ни даде поттик, во период кога Македонија како држава се наоѓа на раскрсница и политички и безбедносно, во момент кога ги интензивираме преговорите за името со Грција, но и бидејќи Македонија е најстара земја-кандидат за влез во Алијансата, изјави Пендаровски во емисија на ТВ 24 вести.

Прашан дали е Македонија ќе влезе во НАТО на Самитот во јули годинава, Пендаровски рече дека Македонија ќе направи стопроценти се што е во нејзина моќ, да го оствари тоа.

– Воопшто не сум сигурен, бидејќи не знам што може да направи другиот партнер. За да го решиме името, нам ни треба најмалку 50 отсто што ќе направат во Атина, бидејќи такво е прашањето. Гарантирам дека ќе се вложиме комплетно, со внимавање на идентитентот, и на сите работи кои се битни за македонската нација. Мојот впечаток е дека грчката позиција е се уште многу ригидна, оцени Пендаровски.

Вели дека единствениот кохезивен проект меѓу Македонците и Албанците е влезот во НАТО и оти тој ефект од членството на земјава во Алијансата не може да се занемари.

Во однос на решавањето на спорот за името со Грција, Пендаровски оцени дека добар дел од аналитичарите велат дека ќе има референдум за решавање на спорот со името.

– Само неколкумина и помалиот партнер во Владата велат дека можеби треба да размислиме и за поинаков пристап во решавањето на спорот. Во овој момент не можам да видам апсолутно никаква друга алтернатива на тоа, затоа што тоа е долгогодишна политичка заложба на партиите, на најголемите партии кои ја прават оваа влада, рече тој.

Според него, референдумот не може да се избегне, меѓутоа, рече, дека главниот резон е дека не може толку крупно прашање да се решиш во мал круг луѓе.

Во врска со убиството на еден од лидерите на косовските Срби Оливер Ивановиќ, Пендаровски вели дека тоа нема да ја дестабилизира Македонија и нема да донесе поширока регионална дестабилизација.

Треба да знаете
Последни објави