Search

Автобус се заби во зграда – над четириесет деца повредени

Автобус се заби во зграда – над четириесет деца повредени

Најмалку 47 деца се повредени денеска кога училишен автобус удрил во куќа во градот Ебербах во југозападнуот дел на Германија.

Како што јави ДПА, десет од децата се во тешка состојба, а пет од нив се борат за живот.

Автобусот што превезувал деца кои оделе на училиште во Ебербах, од се уште непознати причини, удрил во неколку автомобили и потоа во една куќа.

Во акцијата за транспорт на најтешко повредените деца до болница беа вклучени три спасувачки хеликоптери.

Треба да знаете
Последни објави