Search

Собранието го ратификуваше договорот со Бугарија, воздржан гласаше Ферид Мухиќ

 

Со 61 глас ЗА и еден воздржан, Собранието го ратификуваше договорот со Бугарија.

Воздржан гласаше независниот пратеник Ферид Мухиќ, кој рече дека гласал воздражно бидејќи според него, Македонија во договорот прави отстатпки и дека договорот, како што рече, не е симетричен во однос на двете држави. Со ратификувањето договорот стапува во сила веднаш.

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ не присуствува во Собранието. Од таму договорот го оценија како штетен за националните интереси на Македонија.

Договорот за добрососедство, пријателство и соработка помеѓу Македонија и Бугарија, кој се подготвуваше неколку години, премиерите Зоран Заев и Бојко Борисов го потпишаа во Скопје на 1 август минатата година. Договорот беше ратификуван во Собранието на Бугарија во ноември минатата година.

Димитров: Со Договорот со Бугарија испраќаме порака дека може да се однесуваме европски

Факт е дека ниту ние во Македонија ниту во Бугарија не сме целосно среќни. Но факт е дека двете држави растеме, праќаме сигнал дека може да се однесуваме европски, рече министерот за надворешни работи, Никола Димитров, на седницата на која на дневен ред е ратификацијата на договорот со Бугарија.

„Договорот ги покрива нашите најважни национални интереси, а ги содржи и бугарските интереси. Денеска има убава симболика. На денешен ден Бугарија ја призна Македонија под уставното име. Пред да се ратификува договорот, меѓу двете земји имаме сменети суштински односи кои се случија на заедничката владина седница во Струмица и на работниот појадок во Брисел. Договорот предвидува сестрани односи, развиена соработка за мир и стабилност во регионот, проширување на транспортните врски, активна соработка во културата, обазованието, заеднички чествувања на историски настани и личности“, рече Димитров.

Тој додаде и дека договорот ги обврзува двете страни да не поттикнуваат непријателски дејствија.

„Ќе беше убаво опозоцијата да биде тука, очекуваме кооперативност од нив во следниот период“, рече Димитров.

 


 

Треба да знаете
Последни објави