Search

Пратениците ќе одлучуваат како ќе се прислушува

 

Сетот закони за реформи во безбедносно-разузнавачкиот систем, кои се спроведуваат согласно препораките на Рајнхард Прибе, меѓу кои е и системот за следење на комуникациите се на денешниот дневен ред на Собранието.

Законот за прислушување и новата Агенција што треба да се формира го поминаа првиот комисиски филтер, каде без опозиција и дискусии мнозинството гласаше за услојување.

Во овој пакет има два закони, Предлог-законот за формирање на Оперативно-техничката агенција (ОТА), која ќе биде медијатор меѓу овластените корисници и операторите во процесот на прислушување и Предлог-законот за следење на комуникациите, кој има драстични измени. Новите предлог-закони предвидуваат зајакнување на контролата на механизмот на следењето комуникации.

Освен овие закони, тука влегуваат и предлозите за измени на законот за електронски комуникации, извршување санкции, кривична постапка, како и класифицирани информации. Некои од овие промени на законите се дел од пакетот 3-6-9.

Треба да знаете
Последни објави