Search

Македонија осамна под снежна покривка, еве каде наврна најмногу снег

Македонија осамна под снежна покривка, еве каде наврна најмногу снег

Облачно со локални претежно слаби врнежи од снег, главно во западните и крајните источни делови од земјава. Во Скопје има појава на слаб локален дожд. Во долниот тек на Повардарието дува слаб југоисточен ветер.

ВИСИНА НА СНЕЖНА ПОКРИВКА (во 7 часот). 1 Ѓуриште, 2 Берово, 5 Пожаране, Крушево, 6 Лазарополе, 10 Маврови Анови. 

МИНИМАЛНИ ТЕМПЕРАТУРИ:  -3 Маврово, -2 Кр. Паланка, Пожаране, Ѓуриште, -1 Берово, Крушево, Лазарополе, 0 Дебар, Тополчани, Тетово, 1 Претор, Виница, Куманово, 2 Скопје Зајчев Рид, Скопје Петровец, Битола, Прилеп, Штип, Струмица, Д. Капија, Дојран, 3 Гевгелија, Охрид. 

НАВРНАТ ВОДЕН ТАЛОГ (во л/м2) за 24 часа, до 7 часот: 1 Гевгелија, Тополчани, Куманово, Ѓуриште, Кр. Паланка, 2 Прилеп, Берово, 3 Тетово, Охрид, Крушево, 4 Маврово, 5 Дебар, 6 Пожаране, Лазарополе.

ВРЕМЕТО ДО КРАЈОТ НА ДЕНОТ: Облачно со локални врнежи претежно од снег, главно со слаб интензитет. Повеќе врнежи ќе има во планинските региони на северозападот и истокот од земјава, каде се очекува формирање или зголемување на снежната покривка. Формирање на мала снежна покривка до крајот на денот е можно понекаде и во пониските делови на северот од земјава. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Температурата ќе 

биде во интервал од 0 до 6 степени.

Во Скопската котлина облачно со слаби локални врнежи, во повисоките делови од снег, а во пониските од дожд и снег. Температурата ќе достигне 4 степени.

ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ: И утре во крајните западни делови ќе има врнежи од дожд, а на повисоките планини од снег. Во останатите делови преку денот ќе има сончеви периоди. Утре и во среда ќе дува умерен до засилен југозападен ветер, а температурата осетно ќе се зголеми. Поинтензивен влажен бран со врнежи од дожд се очекува во среда доцна попладне, како и во текот на ноќта кон четврток кога поради нагло заладување со силен северен ветер врнежите ќе преминуваат во снег.

Треба да знаете
Последни објави