Search

Кога деца ќе земат оружје во раце: Страшни сцени од парадата на Хутите во Јемен

 

Бунтовниците Хути во Јемен организирале парада за поддршка во главниот град на таа држава, Сана. Поддршка пружиле вооружени жени, но со оружје во рацете оделе и деца.

Арапската коалиција под водство на Ријад, од март 2015. година интервенира во јеменската војна, за да го сопре напредувањето на Хутите, кои освоиле голем дел од земјата, како и главниот град Сана. 

Во граѓанската војна во таа земја од март 2015. година загинале речиси 9.000 луѓе, неколку десетици илјади биле ранети, а повеќе од 3 милиони се побегнати од земјата.

Здравствената и санитарната инфраструктура е речиси целосно уништена. Јемен е погоден од тешка хуманитарна криза, пред се со недостигот на храна.

Треба да знаете
Последни објави