Search

Цената на нафтата на највисоко ниво од 2014

 

Зголемувајќи се за три отсто во изминатата недела, цената на нафтата на светските берзи достигна највисоко ниво во последните три години.

Зголемувањето на цената се должи на намалената нерамнотежа помеѓу понудата и побарувачката. На берзата во Лондон цената на барел нафта порасна за 3,3 отсто на 69,87 долари, додека во Њујорк енергенсот поскапе за 4,7 отсто на 64,30 долари.

Нафтата во моментов е со највисока цена од крајот на 2014 година, а за нивниот раст придонесуваат проценките дека понудата и побарувачката наскоро може да се изедначат

Треба да знаете
Последни објави