Search

Уапсен главниот организатор на убиството на рускиот амбасадор во Турција

Уапсен главниот организатор на убиството на рускиот амбасадор во Турција

Осомничениот за учество во убиството на рускиот амбасадор, Андреј Карлов, бил уапсен во Турција, пренесуваат локалните медиуми.

Турските разузнавачки служби го уапсиле осомничениот со иницијали В.К.А, кој и бил познат на полицијата поради припадноста во организацијата “ФЕТО”. 

 

Во текот на истрагата било утврдено дека притворениот ја користел програмата за мобилни телефони “ByLock” за преговори со членовите на организацијата.

Полицијата не открила детали од учеството на уапсениот во убиството на рускиот амбасадор.

Карлов бил убиен во декември 2016. година со куршум во глава, на отворање на изложба во Анкара.

Дипломатот бил постхумно одликуван со орден Херој на Русија.

 

Претходно било објавено дека во Анкара бил уапсен Мустафа Тимур Озкан, организатор на изложбата на фотографии на која бил убиен рускиот амбасадор.

Потсетуваме, убиец на турскиот дипломат беше полицаецот Мевлут Мерт Алтинташ.

 

 

 

Треба да знаете
Последни објави