Search

Се испотепале делејќи ги личните работи

Се испотепале делејќи ги личните работи

Четворица скопјани С.Ф.(41), О.О.(50), Ф.Ф.(37) и И.О.(59), добија кривична пријава поради сомнение дека пред половина година со две возила пристигнале во село Липково со цел да ги разделат личните работи на сестрата на Б.Ќ.(26)-И.Ќ. и Е.О., кој бил син на четвртопријавениот и живееле во вонбрачна заедница.

Додека биле заедно пред влезната врата од куќата сопственост на О.М. Липково, по вербална расправија со Б.Ќ., физички го нападнале удирајќи го со тупаници и клоци во пределот на главата и телото, додека еден од четворицата му вперил пиштол, му се заканувал, а потоа и го удрил со пиштолот во пределот на главата.

Од нанесените удари Б.Ќ. се здобил со телесни повреди по главата и телото, констатирани од лекар во oпштата болница- Куманово, информира МВР

Треба да знаете
Последни објави