Search

Протекле детали од крвавиот план на виенскиот џихадист: Албанец планирал терористички напад, а обвинет е и за обид за атентат

 

Пред една година бил уапсен во Виена тогаш 17-годишниот Австриец Лоренц К. со албанско потекло, поради сомнение дека планирал терористички напад. Меѓутоа, обвинителството поднело обвинение во кое тој се товари за планирање на атентат.

Момчето било уапсено на 20. јануари во 2017. година, бидејќи се обидело да натера едно 12-годишно момче на самоубиствена терористичка акција. До крвопролевање не дошло бидејќи дедето не успеало да го детонира експлозивот.

Австриецот со албанско потекло се товари и дека поддржувал терористички кривични дела, давал упатства за терористички дела и бил член на терористичка организација.

Во обвинението биле објавени и досега некои непознати факти. Имено, тој уште како малолетник пристапил во ИСИС и се заколнал на верност, а од летото 2016. година одржувал контакт со едно 12-годишно дете, поттикнувајќи го да изврши терористички напад во германскиот град Лудвигсхафен. Тој на детето му пратил упатство за изработка на бомба, но и упатство да ја детонира на божиќен саем или во црква.

На основа на тоа упатство детето на 26. ноември 2016. година, со бомба која само ја направило, тргнал кон местото каде бил божиќниот саем, а Австриецот со албанско потекло константно му давал упатства: Облечи дебела јакна, застани некаде и активирај ја бомбата. Бидејќи не дошло до детонација, детето ја фрлило бомбата во грмушка, каде полицијата ја пронашла неколку дена подоцна.

Полицијата успеала и да му влезе во траг на детето, а преку него дошла и до Австриецот, кој негирал дека го навел детето на злосторството. Негира и дека има врска со ИСИС.

Инаку, Австриецот пораснал во Виена без допирни точки со било која вера, бидејќи неговите родители се атеисти.

Тој се радикализирал во затворот во кој, како 16-годишник, бил на издржување на казна поради тежок грабеж.

 

Треба да знаете
Последни објави