Search

Премиерот на Унгарија со јасна порака: Не ги сакаме мигрантите – тоа е муслиманска инвазија!

 

Унграрскиот премиер Виктор Орбан изјави дека унгарскиот народ не ги сака мигрантите и неговата влада не може да ја отфрли волјата на својот народ кога станува збор за едно така важно прашање.

Унгарскиот премиер порача дека тие кои што се обидуваат да влезат во Европската унија и Унгарија, не ги гледа како бегалци, туку ги гледа како инвазиска сила на муслимани.

„Кога тие кои што во 2015-та година пристигнаа на границите на Унгарија и влегоа во земјата илегално, тоа не беше бран на бегалци – тоа беше инвазија. Никогаш не можев да разберам како една Германија, земја која што е пример за дисциплина и владеење на правото за сите нас, можеше да го слави масовново илегално влегување, анархијата и хаосот и тоа за Германија да биде нешто добро“, изјави Орбан за германскиот весник „Билд Цајтунг“.

Орбан во ексклузивното интервју за германскиот весник истакна дека во политичка смисла прашањето околу миграцијата е проблем на Европската унија, но од социолошки аспект тоа е германски проблем.

„Сите мигранти сакаат да живеат во Германија затоа што го сакаат германскиот живот“, истакна унгарскиот премиер Виктор Орбан.

Констатирајќи дека Германија секогаш ги пречекувала мигрантите, додека пак тоа не било случај со Унгарија, Виктор Орбан порача дека Унгарија својот удел го дала така што ја штитела Шенген зоната и границите на Европската унија.

Нагласувајќи дека унгарскиот народ не ги сака мигрантите, Виктор Орбан истакна дека тоа е „прашање на суверенитет и културен идентитет и дека мора да се сочува правото на унгарскиот народ да одлучи кој ќе живее на територијата на Унгарија“.

Според унгарскиот премиер, пристигнувањето на големиот број на муслимански имигранти ќе резултира со создавање на паралелни општества и порача дека „мултикултурализмот е илузија, затоа што христијанското и муслиманското општество никогаш нема да се поврзат“.

„Ние (Унгарците) не го сакаме тоа. И не сакаме некој да не присилува на такво нешто“, порача унгарскиот премиер Виктор Орбан.

Треба да знаете
Последни објави