Search

Дали мерките на владата за аерозагадувањето се ефикасни?

 

Скопје последователно два дена е загаден над дозволеното каде мерните единици негде покажуваа и 12 пати над дозволеното.

Воздухот во Скопје и изутринава е загаден над дозволеното.

Владата ги активираше мерките за ублажување на последиците од аерозагадувањето во градот Скопје. Бесплатен градски превоз се до намалување на загадувањето, прекин на сите градежни активности на градилиштата, интезивно миење на градските улици, зајакнати инспекциски надзори, ограничувањето на обуките на автошколите, се само дел од вонредните мерки кои што Градот Скопје ги воведува со цел намалување на загадувањето во главниот град.

Засега, според податоците на мерните станици, речиси да нема ефекти на подобрување на квалитетот на воздухот иако сообраќајот во последните два дена беше драстично намален. Единствена надеж за граѓаните е да дувне посилен ветер и да го расчисти воздухот.

Гасификација е главна конкретна мерка која ќе придонесе за драстично намалување на загаденоста.

Директорот на МЕР(Македонски енергетски ресурси) Благојче Котески во интервју за МИА изјави дека за две години можеме да имаме гасификација во Македонија доколку општините работат на процесот паралелно со Македонски енергетски ресурси.

“МЕР го развива транспортот и го носи гасот до главната регулациска станица во градовите, а оттаму самите општини ќе треба да преземат иницијатива, да ја средат потребната документација и да овозможат структура која ќе ја врши дистрибуцијата во градската средина. Ако овие две активности се вршат паралелно, значи додека ја градиме националната мрежа, а општините го почнат својот дел, кој за нив стартуваше од 18-ти декември, ќе имаме ситуација во која ќе бидеме благопријатно изненадени од брзината на гасификацијата на државата”, вели Котевски.

Треба да знаете
Последни објави