Search

16 години труење на македонските граѓани кое продолжува: Македонија користи токсичен инсинератор за горење отпад за кој „Гардијан“ предупредил во 2001

 

Британски „Гардијан“ уште пред 16 години објавил дека британската влада ѝ доделила на Македонија инсинератор за горење на медицински отпад кој поради емисиите на токсини би бил илегален во Велика Британија и Европската унија.

Британскиот инсинератор ѝ бил доделен на Македонија како хуманитарна помош и тој и ден денес се користи во близина на нашиот главен град Скопје. Од „Гардијан“ пренесуваат дека токму овој инсинератор, поради токсичната емисија на гасови која што е опасна по здравјето на локалното насление, не би можел да функционира доколку земјата е членка на Европската унијa.

За токсичниот инсинератор за кој што предупредува „Гардијан“ уште пред 16 години, се дознава дури сега, откако сторијата на британскиот медиум започна масовно да се споделува на социјалните мрежи во земјава. Инсинераторот денес функционира во рамките на депонијата „Дрисла“ и предизвика голема загиженост кај народот.

„Гардијан“ ја пренесува изјавата на експертот за менаџирање на токсичен отпат Адам Островски кој што смета дека скопскиот инсинератор „е една од најлошите валкани технологии кои што маскирани како помош ги видел во земјите од Источна Европа“.

„Изненаден сум од тоа што британската влада се вклучува во ваква практика. Ваквата технологија е нелегална во западна Европа. Не е во во ред да им се даде на Македонците вакво нешто, притоа знаејќи дека ќе бидат испуштани токсични емисии и инсинераторот ќе биде укинат кога тие ќе влезат во Европската унија. Треба да се засрамат“, вели експертот Адам Островски.

Инсинератор за кој што биле платени 47 илјади фунти, доколку би бил опремен со дополнителна технологија за чистење и на отровните гасови кои што денес ги дишат македонските граѓани, би чинел три пати повеќе. Инсинераторот бил еден од неколкуте кои што биле обезбедени за Балканот од страна на Светската здравствена организација (СЗО) од кои ниту еден од нив не ги задоволувал стандардите на Европската унија.

Филип Рашбрук од СЗО, за „Гардијан“ пред 16 години вели дека е против ваквата опрема, но истата била подобра од алтернативата на горење на отпад во метални кутии – метода која што произведува далеку поопасни гасови кои што може да предизвикаат болести.

Рашбрук признава дека инсинераторот во Скопје ги прекршува правилата на Европската унија, но додава: „Можеби не сме биле во можност да обезбедиме пари за напреден инсинератор. Доколку сме го направеле тоа, Македонците можеби немаа да ги имаат потребните пари или експертиза за управување со него“.

Рашбрук за британски „Гардијан“ изјавил дека Македонците изгледале многу задоволни во времето кога го добиле токсичниот инсинератор.

 

Треба да знаете
Последни објави