Пожар во полициска станица во Куманово

Дотраена инсталација предизвика пожар во Секторот за внатрешни работи Куманово.

Огнот изутринава околу 8 часот го зафатил Одделот за аналитика при СВР Куманово.

Според увидот, пожарот се случил поради дотраена инсталација која довела до спој на термопечка. Огнената стихија била локализирана од Територијалната противпожарна единица Куманово. Интервенирало едно противпожарно возило со петмина пожарникари.

Треба да знаете
Последни објави