Search

Струмичанец приведен за силување и за обиди за силување

Струмичанец приведен за силување и за обиди за силување

Дваесет и пет годишен жител на струмичко село (Т.Т.), е осомничен за пет кривични дела „силување“. Тој ги извршил овие чинови во периодот од 1:45 часот на 29 декември до 5 часот на 2 јануари годинава на подрачјето на Струмица.

МВР информира дека според документираните сознанија, Т.Т., на улиците Васил Сурчев, на булеварот Маршал Тито, на Младинска, Невена Стојкова и на улицата Народна Револуција ги напаѓал жртвите, но откако му пружале отпор, бегал .

На втори јануари годинава по извршено кривично дело, во момент кога бегал, Т.Т. бил забележан од полициски службеници, по што бил приведен.

Треба да знаете
Последни објави