И покрај апелот во Скопје вечерва се палеа бадникарски огнови

И покрај апелот во Скопје вечерва се палеа бадникарски огнови

На повеќе локации во Скопје вечерва се палеа огнови. И покрај апелот на градските власти и на МПЦ скопјани да се воздржат од палење бадникарски огнови со цел да се заштити животната средина и воздухот, бадникарски огнови вечерва се палеа низ главниот град, а фотографиите од нив се споделуваа и на социјалните мрежи.

Градоначалниците на сите скопски општини годинава донесоа одлука и за забрана за доделување дрва од општините за таа намена. Мерните станици за квалитетот на воздухот и вечерва покажуваат висока загаденост. Граѓаните велат дека ја почитуваат традицијата.

„Граѓаните кои ќе видат запален оган на отворено можат да пријават на телефонската линија 193″ апелираат од Град Скопје.

Денес на прес-конференција, владиниот портпарол, Миле Бошњаковски соопшти дека Владата усвои план за ажурирање на национален имплементационен план за редукција и елиминација за перзистентни органски загадувачи.

Треба да знаете
Последни објави