Search

Мерки против неконтролирано горење отпад на нестандардни депонии

Мерки против неконтролирано горење отпад на нестандардни депонии

На предлог на Министерство за животна средина и просторно планирање, владата денеска ја разгледа и усвои информацијата за ажурираниот Национален имплементационен план за редукција и елиминација на перзистентните органски загадувачи во Република Македонија.

Ажурираниот национален имплементационен план за редукција и елиминација на перзистентните органски загадувачи опфаќа и препорачува повеќе акции како наредни чекори за исполнување на обврските кон Стокхолмската конвенција и унапредување на животната средина во доменот на овие хемикалии, како што е спречување на неконтролирано горење отпад на нестандардни депонии, воспоставување контрола при увоз на стара опрема со ризик од хемикалии штетни за здравјето на луѓето и животната средина, формирање и функционирање на собирни центри, центри за третман и преработка на искористени возила, како и други мерки.

Треба да знаете
Последни објави