Search

Караџовски: Потребни вистински а не памфлет реформи во правосудството

Караџовски: Потребни вистински а не памфлет реформи во правосудството

На судството му се потребни суштински реформи кои ќе дадат резултатите, а не реформи на памфлет, смета првиот човек на Судскиот совет. Караџовски се сомнева во ефинаксноста на Советот за реформи во правосудството кој го формираше Министерството за правда бидејќи вели дека е составено од лица кои досега немале допирна точка со судството. Како една од неопходните реформи, Караџовски смета дека е неопходно Специјалното обвинителство час поскоро да стане дел од Јавното обвинителство, а во 2019-та како што е предвидено со стратегијата за реформи.

Лично за себе Караџовски смета дека има кредибилетет да зборува за рефомите во судството, бидеќи сите критики за политики избор на судии се однесувале за периодот пред 2014-та кога тој не бил ниту член на Судскиот совет. Тој ги отфрли обвинувањата дека бил во романтична врска со новата власт.

Судскиот совет се уште го нема разгледано извештајот за АКМИС системот, бидејќи неколку членови не поседуваат безбедносен сертификат. Но Караџовски вели дека овој документ може да биде само основа за подлабока анализа за работата на судовите, бидејќи во него нема конкретни факти и примери за лица кои го злоупотребиле системот. Според него претседателите на судовите имаат законско право да го менуваат распоредот на судии и неколку пати годишно.

Треба да знаете
Последни објави