Search

МАСАКР ИЗВРШЕН НА НОВА ГОДИНА: Бугарија ја потресе шесткратно убиство

Во Нови Искар во Бугарија се случило шесткратно убиство, масакр кој го потресе Балканот.

Сите се убиени со огнено оружје, не со по еден, туку со повеќе истрели. Ова го изјави Борислав Сарафов, директор на Националната служба за истраги на Бугарија, објави агенцијата БГНЕС.

„Кога некој ќе се убие, оружјето е до него. Работиме на повеќе верзии. Оружјето сè уште не е пронајдено. Досега не го откривме оружјето за убиството. Дали се работи за едно оружје ќе стане јасно откако ќе се заврши балистичката експертиза. Има многу работа во лабораторија за да се направи анализа за материјалните и биолошките докази“-вели Сарафов, додавајќи дека убиствата се извршени на новогодишната ноќ.

Основната верзија на убиството е поврзана со убиениот Неделчо и неговата комерцијална активност за „чистење“ на ДДВ преку фиктивни компании.

Вчера бугарските медиуми јавија дека во куќа во Нови Искар пронајдени се тела на пет лица – две жени, двајца мажи и 12-годишно момче. На телата имало знаци на насилство. Денеска во близина на куќата е пронајден џипот на еден од убиените и мртво тело на жена фрлено во дупка.

Во вторникот во куќата во Нови Искар се пронајдени телата на мажот на жената пронајдена во дупката, неговиот син, ќерката на жената од првиот брак, и нејзината свекрва и едно момче.

Треба да знаете
Последни објави