Search

Груевски, Јанакиески и Трајковски на 24 јануари на судење за „ТНТ“

Поранешниот премиер Никола Груевски, поранешниот министер Миле Јанакиески, како и поранешниот градоначалник на Газа Баба, Тони Трајковски на 24 јануари ќе седнат на обвинителна клупа за уривањето на Космос во случајот познат како „ТНТ“.

Обвинетите чекаат да им биде определен нов судија, бидејќи претходниот кому му беше доделен овој предмет, судијата Ивица Стефановски со новиот распоред на претседателот на Кривичниот суд, Иван Џолев, е прераспореден во друго одделението во судот, односно нема да суди организиран криминал.

Апелациониот суд во ноември донесе одлука таканаречените „бомби“ да се користат како докази во овој случај.

Треба да знаете
Последни објави