Search

Во новата година Заев прво на посета кај министерот за финансии

Првата посета на премиерот, Зоран Заев, во новата година ќе биде во Министерството за финансии. Таму Заев денеска ќе се сретне со министерот за финансии, Драган Тевдовски.

Темата на состанокот е „Реализацијата на Капиталните инвестиции и клучните податоци за 2017 година“.

„Посетата е токму во ова министерство бидејќи целта на Владата на РМ и Министерството за финансии е оваа година да биде клучна за унапредување на економската состојба и стабилизација на економијата“, велат од Владата.

Треба да знаете
Последни објави