Search

Од денеска забрана за достава на стоки во центарот на Скопје од 7:30 до 18 часот

Од денеска до март годинава, Градот Скопје воведува забрана за достава на стока во потесното градско подрачје во период од 7:30 до 18 часот.

Ова е една од 15-те итни мерки за намалување на загадувањето на амбиентниот воздух што ги презема Градот Скопје.

Одлуката се однесува за запирање за доставување стока во наведениот период, а не се однесува на движењето на возилата што ја доставуваат. Дополнително, оваа забрана не се однесува на фирмите што имаат сопствен простор за доставување стока, туку само за оние што за доставата користат улица или тротоар.

Треба да знаете
Последни објави