Search

Зијадин Села ја напушти владата на Заев

Алијансата на Албанците и официјално излегува од Владата и ќе делува како опозиција потврди лидерот на партијата Зијадин Села.

Заменик министерот за надворешни работи Арта Точи веќе ја поднела оставката а истото ќе го направи и Заменик министерот за транспорт и врски Ремзи Мехмеди.

„Информацијата е точна. Алијансата на Албанците излегува од Владата и замениците министри денеска или утре најдоцна ќе ги достават оставките до Владата во писмена форма“, вели Села.

Премиерот Заев пак вели дека не е изненаден од ваквата одлука и денеска само кратко одговори дека не брза овие места веднаш да ги пополни со нови луѓе но и посочи дека и вчера пратениците на Села не ги поддржале пратениците од владејачката коалиција во законодавниот дом.

„За мене е логичен чекор. Веројатно тоа е последица дека конечно се откажале од прифаќањето на понудата под претседател на Влада за реформи, а согласно тоа и ги повлекува чекорите на повлекување на своите луѓе. Јас ќе ја почитувам нивната одлука како ќе биде, но секако сакам да се остави отворена врата на соработка. Прво таму каде што мора да соработуваме, а тоа е интересот на граѓаните, реформите и важните процеси во Македонија, но се надевам и на секаков друг вид соработка во иднина“, вели Зоран Заев.

Од Владата денеска не одговорија на нашите повици дали ги добиле оставките. Села иако тврдеше дека ќе остане во владината коалиција додека да се гласа Законот за употреба на јазиците сепак поради неговото одолговлекување вели ќе го поддржат и како опозиција бидејќи тие инсистирале да се гласа и деновиве за него но тоа не се случило.

Излегувањето на Села од Власта доаѓа како резултат на несогласувањата со Заев во врска со вицепремиерското место за реформи кои им беше понудено на Алијансата на Албанците, но за нив тоа не беше прифатливо и го бараа повторно назад Министерството за здравство кое сега го води Венко Филипче.

Треба да знаете
Последни објави