Search

ВМРО ДПМНЕ денеска ќе соопшти дали се враќа во Собранието

Опозициската ВМРО ДПМНЕ денеска треба да соопшт дали партијата се враќа во Собранието, откако со неделеи не се појавува ниту на пленарните седници, ниту на седниците на комисиите.

Ова го најави новиот претседател на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски по вчерашната средба со премиерот Зоран Заев, која траеше речиси час и половина.

Како што изјави тој по средбата,  разговарале за повеќе актуелни теми во кои ги презентирале своите аргументи и ставови, и како што вели тој нормално се разликуваат.

Мицкоски напомена дека сепак ваквите средби се конструктивни и очекува да ги има почесто во наредниот период.

Воедно тој дополни дека партијата во моментов се координира, а во текот на утрешниот ден ќе соопшти дали пратениците на ВМРО ДПМНЕ ќе се вратат во Собрание.

Одговарајќи на новинарско прашање, дали по неговото назначување за претседател на партијата, таа ќе се реформира во политичката реторика, Мицкоски рече дека во иднина промените ќе бидат забележливи.

Вчера Мицковски соопшти и дека има промени во координацијата на пратеничката група на партијата, и наместо досегашниот координатор Илија Димовски, оваа функција ќе ја извршува Владимир Ѓорчев.

Треба да знаете
Последни објави