Search

„Шамарите од центар“ ќе се судат иднината година

Судењето за случајот „Насилство во Центар“ на Специјалното јавно обвинителство ќе биде одложено за 2 февруари, беше одлучено денеска во Кривичниот суд.

Главната расправа по овој предмет треба да почне од почеток бидејќи судијката Татјана Михајлова, која го судеше Груевски и другите обвинети, е прераспоредена во друг оддел на судот.

На ова се согласил обвинителот од СЈО, Гаврил Бубевски. Инаку, во овој предмет обвинети се 14 лица за поттикнување на насилството што се случи при протестите пред општина Центар во јуни 2013 година.

На претходните рочишта, вина за настаните пред општина Центар во јуни 2013, признаа четвртообвинетиот Томислав Лазаров и петообвинетиот Јордан Ристевски. Минатото рочиште беше одложено бидејќи немаше камери во судницата, на што од пред неколку судења почнаа да инсистираат обвинетите.

Во предметот обвинети се уште 12 лица, меѓу кои поранешниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески и пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Даниела Рангелова.

Инаку, Груевски в петок, на 29 декември, треба да се јави кај шалтерски службеник, како мерка на претпазливост која му ја определи судот, по барање на Специјалното јавно обвинителство.

Треба да знаете
Последни објави