Search

Груевски, Јанакиески и Рангелова последен пат на суд за 2017 година

Груевски, Јанакиески и Рангелова последен пат на суд за 2017 година

Експремиерот Никола Груевски за последен пат годинава ќе се појави во кривичниот суд, како еден од обвинетите во случајот „Насилство пред Општина Центар“, или случајот попознат како „нарачани шлаканици“. Заедно со него во кривичниот суд треба да се појават и Миле Јанакиески, пратеничката Даниела Рангелова и останатите  8 лица кои биле извршители на насилството.

Двајца обвинети признаа вина, а за еден од обвинетите постапката е издвоена. Минатото рочиште беше одложено бидејќи немаше камери во судницата, на што од пред неколку судења почнаа да инсистираат обвинетите.

Овој предмет од јануари треба да почне од почеток, бидејќи судијката Татјана Михајлова која го судеше Груевски и останатите обвинети, е прераспоредена во друг оддел на судот.

Груевски в петок на 29 декември треба да се јави кај шалтерски службеник, како мерка на претпазливост која му ја определи судот, по барање на специјалното јавно обвинителство.

Треба да знаете
Последни објави