Search

Грчева: Министерот за здравство е син и внук на најголеми шверцери и луѓе кои препакуваа лекови со поминат рок

Синот и внук на најголемите шверцери во историјата на нашето здравство избраа за министер за здравство, обвинува Солза Грчева.

Ова станува од страшно, пострашно. За Министер за здравство, поради кој здравството беше обезглавено цели 4 месеци, избран синот и внук на најголемите шверцери во историјата на нашето здравство. Луѓе кои препакуваа лекови со поминат рок, луѓе кои беа фатени со полна торба пари кои ги изнесувале преку граница. А Алијансата ќе седела во Влада се до изгласување на Законот за јазици. Сето собрано е слика и прилика на една корумпирана, слаба и немоќна држава. Тоа мора да се промени, порачува Грчева преку својот Фејсбук профил.

Треба да знаете
Последни објави