Search

Георгиевски: Мицкоски е најнекомпромитиран и извалкан со афери

Георгиевски: Мицкоски е најнекомпромитиран и извалкан со афери

Љубчо Георгиевски, првиот претседател на ВМРО-ДПМНЕ, на социјалните мрежи даде поддршка и одобрување за изборот на Христијан Мицкоски за нов лидер на опозициската партија сметајќи дека тој бил најсоодветен кандидат од сите кои понудиле да се кандидираат.

„Христијан Мицкоски од сите имиња што беа кандидати за претседател на ВМРО-ДПМНЕ сепак е најнекомпромитиран, неизвалкан со афери, најенергичен и конечно најхаризматичен. Христијан има шанса да остави свој печат во Вмро. Треба да му се даде шанса…“ пишува Георгиевски.

Љубчо Георгиевски во 2003 година се повлече од функцијата претседател на ВМРО-ДПМНЕ и му даде поддршка на Никола Груевски со кога имаа блиска соработка и пријателски односи, но подоцна станаа политички противници.

 

Треба да знаете
Последни објави