Search

Се одложи судењето „Таргет-Тврдина“

Еден од адвокатите на обвинетите е отсутен бидејќи присуствува на рочиште за предметот „Труст“ во кој обвинет е Сеад Кочан кое се одржува во ист термин.

Сашо Мијалков и Гордана Јанкулоска кои се меѓу обвинетите, вчера до судот доставиле докази за нивна одбрана, но само во еден примерок додека за обвинителите ќе достават примерок денеска.

Мијалков по излегувањето од судница не сакаше да дава изјави за медиумите, а само кратко одговарајќи на новинарско прашање прокоментира дека уште е рано да се каже какви докази се приложиле вчера до судот.

Во судница не се појавија Горан Грујевски и Никола Бошковски кои се во екстрадициски притвор во Грција. Меѓутоа, на судењето како еден обвинет се појави лице Владимир Валеров, со истиот идентитет кој го користел Грујевски во лажниот пасош.

Во предметот обвинети се вкупно 12 лица, меѓу кои екс министерката за внатешни работи, Гордана Јанкулоска, поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, неговиот шеф на кабиет, Тони Јакимовски, како и екс началникот на Петтата управа во УБК, Горан Грујевски и вработениот во УБК, Никола Бошковски, кои се наоѓаат во екстрадициски притвор во Грција и се очекува денеска судот во Солун да ја соопшти одлуката дали ќе бидат екстрадирани.

Ова е прв случај за кој почнува судскиот процес, а е директно поврзан со нелегалното прислушување, откако претходно СЈО се откажа од обвинителниот акт за случајот „Пуч“.

„Таргет-Тврдина“ се всушност две истраги што ги водеше обвинителството кои се споени во еден обвинителен акт. Предметот се однесува на незаконско уништување на два системи за прислушување во МВР и следење на комуникациите на над 5.000 телефонски провеви противзаконски односно без судска наредба.

 

Треба да знаете
Последни објави