Search

Сериозни инциденти: Судири во бегалски камп на Лезбос, неколку тешко повредени

Десетина лица се хоспитализирани по сериозни инциденти што синоќа се случиле во кампот за бегалци Морија на грчкиот остров Лезбос.

Во судирите учествувале Арапи, Авганистанци и Ирачани од кои некои запалиле шатори и друга опрема, не им дозволувале на пожарникарите да влезат во кампот за да го изгаснат огнот и фрлале со камења по нив.

Ситуацијата се смирила откако интервенирал полициски одред за справување со немири.

Засега не е позната причината за судирот меѓу мигрантите.

Треба да знаете
Последни објави