Search

ПОВИК ОД ОПШТИНА ГАЗИ БАБА ЗА НАЈУБАВО НОВОГОДИШНО УКРАСУВАЊЕ

По повод новогодишните и Божиќните празници, се повикуваат жителите од општина Гази Баба заеднички да го разубавиме просторот во кој живееме и работиме, со свој придонес во новогодишното украсување.

За таа цел, општината обезбеди  награди за најубаво украсените дворови, тераси, заеднички простор пред зграда (заедница на станари), простор пред стопански субјект, градинки и основно училиште.

Пријавувањето може да го направите на телефонските броеви 02/3212886; 075/435155,  или лично во едношалтерскиот систем во општина Гази Баба, најдоцна до 25.12.2017 год. до 16,00 ч.

Податоците да содржат адреса и телефон за контакт.

Комисијата од општината ќе ги посети пријавените на 26.12.2016 год. по 17,00 ч.

Треба да знаете
Последни објави