Search

Димовски: Нема да се кандидирам за претседател, дури и да се одложи конгресот

Илија Димовски, чиешто име доста често се споменуваше по медиумите изминатиов месец како еден од главните претенденти за лидерската позиција во ВМРО-ДПМНЕ, пред почетокот на состанокот на Извршниот комитет на партијата изјави дека нема да се кандидира за претседател, макар и бил одложен конгресот.

„Немам намера да поднесам кандидатура, дури и да биде одложен конгресот за февруари, зашто мислам дека не е време за персонални решенија“, рече Димовски.

Тој додаде дека очекува рационална одлука на вечерашната седница на Извршниот комитет, каде најави дека официјално ќе ги презентира барањата за транспарентен избор на нов претседател и одложување на конгресот.

„Многупати досега дававме сугестии и забелешки, но во изминативе две недели нашите барања не беа соодветно третирани“, рече Димовски, кој е еден од потписниците на писмото што го потпишаа триесет високи партиски функционери кои јавно побараа одложување на изборот за февруари поради фаворизирање на еден кандидат.

Во врска со Фесјук статусот на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, кој потенцираше дека одлуката за датумот за конгресот била донесена едногласно,  Димовски рече дека претходно гласале за одржување на конгресот во декември, но во меѓувреме добиле информации за нефер и недемократски избор помеѓу кандидатите, поради што сега се залагаат за нов датум.

Треба да знаете
Последни објави