Search

ВМРО ДПМНЕ утре ќе одлучува за одложување на Конгресот, брза реакција

По јавниот повик на од поголема група основачи, пратеници и кандидати за претседател на ВМРО ДПМНЕ за одложување на партискиот конгрес поради забележани неправилности во постапката за кандидатура, партијата со брза реакција

Утре на Извршен комитет на ВМРО-ДПМНЕ, а потоа и на Централниот во четврток ќе се разгледува барањето на дел од партиското членство за одложување на Конгресот. Иницијативата се очекува прво да ја разгледа Извршниот комитет а потоа да му предложи решение на Централниот кој би требало да се изјасни по него.

Дел од членството на ВМРО-ДПМНЕ денеска преку отворено писмо побара од Централниот комитет да го одложи Конгресот за 2 месеци и на него, правно на глас наместо 544 да имаат 5000 делегати кои ќе бидат предложени од месните комитети на партијата.

 

 

 

Треба да знаете
Последни објави