Search

Оваа фризура ќе биде хит во 2018 година!

Постојат безвременски фризури кои ќе бидат секогаш актуелни. Исти две жени не постојат, па така и две идентични боб фризури нема.

 

Универзалноста на оваа форма лесно се објаснува, таа има многу варијанти и токму затоа одговара на различни облици на лице.

Предноста е што оваа форма навистина може да ви ги сокрие недостатоците. Боб фризурата идеално ги истакнува очите, корегира извесни недостатоци, на пример визулено го издолжува вашето лице. Во 2018 година стилистите предлагаат подолга варијанта на боб формата. 

Затоа треба да внимавате каков боб ќе посакате за себе. 

Оние со густа коса ќе направи да им биде полесна и ќе ѝ даде текстура.На тенката коса се случува спротивното – дава забележителен волумен. 

Во новата година велат дека ќе биде популарна боб формата, но со шишки. Предлогот е да одберете асиметрична, долга и бушава варијанта. 

Секоја од вас посакува промени, но полека, не треба тоа да бидат кардинални решенија. Може да се одлучите и на степенување на вашата коса, должината ќе биде иста, но ќе добиете освежување. 

Предниот дел од косата освежете го со посветли прамени. Никако густи шишки.

Стилистите предлагаат асиметрични и искосени.

Треба да знаете
Последни објави