Search

Бунт во ВМРО-ДПМНЕ, истакнати членови обвинуваат дека конгресот се мести за еден кандидат

Голем раскол во ВМРО-ДПМНЕ е на повидок

Илија Димовски, Антонио Милошоски и група пратеници ќе побараат одлагање на конгресот на ВМРО-ДПМНЕ, закажан за викендов во Валандово.

Дознаваме дека причините за ова барање би можеле да бидат обелоденети на прес-конференција. Во суштина, Димовски, Милошоски и другите се бунат против начинот на кој Никола Груевски, со притисоци врз партиската база, се обидува да го октроира генералниот секретар Христијан Мицковски за свој наследник.

Високоте партиски изворите тврдат дека Груевски и Мицковски жестоко ќе се спротивстават на барањето за одлагање на конгресот и дека ќе се обидат да го спроведат својот план. Тоа би значело дека може да се случи Мицковски да остане без противкандидат, а дел од делегатите да го бојкотираат конгресот.

Делегатите бараат конгресот да се одложи за 24 и 25 февруари идната година а на него, наместо 544, право на глас да имаат 5.000 делегати кои ќе бидат делегирани од месникте комитети на партијата.
Тие предлагаат Централниот комитет да назначи колективно претседателство од 3 до 5 члена за да не се остави впечаток дека партијата бега од кадровски реформи но и за да се овозможи како што тие велат, демократска атмосфера за избор на нов лидер.

Покрај Милошоски и Димовски, на отвореното писмо се потпишани и екс спикерот Вељаноски, неколкумина основачи на партијата, пратеници, поранешни министри и градоначалници.

 

 

 

 

 

Треба да знаете
Последни објави