Search

Работна вечера на Могерини со премиерите на земјите од Западен Балкан

Денеска во Брисел високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Федерика Могерини ќе се сретне со премиерите на шесте држави од Западен Балкан.

Таа ќе организира работна вечера со премиерите на Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Србија и Црна Гора. На вечерата ќе присуствува и еврокомесарот за проширување и соседска политика Јоханес Хан.

На оваа средба ќе се разговара за зајакнување на соработката и размена на мислења за регионални теми. Европските претставници и премиерите од Западен Балкан ќе разговараат и за европските перспективи на регионот и регионална соработка.

– Европската унија е посветена на засилување на ангажманот кон земјите од регионот со цел да обезбеди шесте држави од Западен Балкан да ги преземат потребните чекори за нивното напредување кон Унијата да стане неповратно, се наведува во соопштението од ЕУ.

Пред вечерата Могереини ќе оствари и билатерални средби со некои од лидерите.

Треба да знаете
Последни објави