Search

Денес ново рочиште на Кочан во предметот „Труст“

Во Кривичниот суд продолжува рочиштето за предмет на СЈО наречен „Труст“, а во кој првообвинет е сопственикот на телевизијата „Нова“, Сеад Кочан. Покрај Кочан во овој случај обвинети се и Василије Авировиќ и Сафет Ватиќ.

Предметот е во фаза на доказна постапка. Според најавите на СЈО, во текот на доказната постапка во судница треба да бидат пуштени и „бомбите“ кои се доказ во оваа постапка, а во кои има прислушуван разговор и со поранешниот премиер Никола Груевски. 

Во „Труст” првоосомничен е бизнисменот Сеад Кочан, а обвинети се уште две физички и три правни лица, меѓу кои и управителите на фирмите „Трансмет”, „Силекс” и „Вато” ДООЕЛ од Студеничани за учество на тендер на ЕЛЕМ.

Според обвинителите на СЈО обвинетите Кочан, Авировиќ и Ватиќ, како и фирмите „Трансмет”, „Силекс неметали” и „Вато”, под превезот на успешен бизнис, со тешка измама, злоупоребиле приближно 1.060.000.000 денари, одосно 17 милиони евра, пари на граѓаните. Нивниот мотив, според него, бил на нечесен начин да се добие тендер на АД „ЕЛЕМ” и со фалсификувана документација, да се добие работниот ангажман. Според доказите СЈО ќе докаже дека со куп невистинити документи, се погазени принципите на здравата конкуренција и се изиграни правилата на јавните набавки.

Треба да знаете
Последни објави