Search

(Видео) Шок за мајката кога поставила камера дома да види што прави дадилката на 9 месечно бебе

Анамари Терон од Намибија на своето деветмесечно бебе забележала гребаници и модринки и одлучила да провери како се однесува неговата дадилка кон него, скривајќи камера во собата во која било бебешкото креветче.

Кога ја погледнала снимката, останала шокирана и сега дадилката се соочува со серозни обвинувања за обид за убиство, злоставување и напад.

На снимката се гледа како дадилката го носи бебето држејќи го само за една рака, а потоа грубо го фрла девојчето додека плаче.

По неколку секунди таа се враќа и го зема бебето носејќи го за нога, а потоа оди во друга просторија.

Очајната мајка вели дека со денови плачела откако ја прегледала потресната снимка и не можела ниту да јаде ниту да спие, постојано мислејќи колку долго нејзината ќеркичка минувала низ овој пекол.

 

https://www.youtube.com/watch?v=SFnq-PnukYQ

 

 

Треба да знаете
Последни објави