Search

(Видео) Заев: Наша намера е да ја спречиме изградбата на рудниците

Нашата намера е да ја спречиме изградбата на рудниците, гледаме дека има пропусти, а правните тимови работат на тоа, рече премиерот Зоран Заев, одговарајќи на новинарско прашање поврзано со изградбата на рудникот Казандол, по обраќање на завршната конференција на тема „Зајакнување на младинскиот дијалог за промоција на демократските процеси во духот на евроатлантските интеграции“.

Тој додаде дека Владата ќе го искористи секој правен аспект, за да остане ветувањето дадено пред граѓаните, за здрава и чиста животна средина.

На средбата помеѓу премиерот и претставници од коалицијата за чист воздух „О2“, вчера, во делот на рудниците, заеднички констатирале дека здравјето на граѓаните е врвен приоритет и дека се работи на изнаоѓање правно-формални аргументи и механизми за решавање на проблемот со што ќе се заштити животната средина и во исто време ќе се обезбеди интересот на државата.

Пред средбата со премиерот, од оваа иницијативата најавија дека ќе ја тужат Македонија до Европскиот суд за човекови права во Стразбур и ќе поднесат жалби до сите меѓународни институции поради алармантната загаденост во државата.

На прашањето: „Што се презема за рудникот Казандол по најавата дека таму ќе почне минирање?“, Заев рече:

„Започнати се сите постапки. Јас уште еднаш ве уверувам дека секој правно-формален аспект ќе го искористиме за да останеме на нашето ветување дадено пред граѓаните. Ќе направиме сè“, рече Заев.

Премиерот претходно изјави дека владата предводена од неговата партија ќе ја запре изградбата на рударскиот комплекс „Казандол“.

 

https://www.youtube.com/watch?v=sGYDq0UF8rU

 

 

Треба да знаете
Последни објави