Search

Судот во Солун одлучува дали ќе ги екстрадира Грујевски и Бошкоски во Македонија

Во судот за прекршоци во Солун денеска точно напладне ќе се одржи расправа по барањето на македонското Министерство за правда за екстрадиција на беглаците од македонските правосудни органи, Горан Грујевски и Никола Бошкоски. 

Претходното рочиште за лажните пасоши со кои беа фатени во Солун, не се одржа, бидејќи не беше присутен еден од останатите обвинети, кои исто така биле заедно со Грујевски и Бошкоски. Ова судење е одложено за 17 мај.

Ексразузнавачите во тренерки и капути со лисици на рацете беа донесени во придружба на полиција. На минатото судење имаше овластен судски преведувач, кој ги преведуваше прашањата на судијката, а беа присутни грчка адвокатка и адвокатот од Скопје Петар Василев. Адвокатите за „Макфакс“ изјавија дека ќе бидат подготвени за денешното рочиште.

 

Треба да знаете
Последни објави