Search

Евакуиран трговски центар во Белград поради дојава за бомба

Присутните во трговскиот центар „Делта Сити“ во Белград вечерва биле евакуирани од страна на српската полиција по добиена анонимна дојава за поставена бомба во објектот.

По проверката на полицијата било утврдено дека дојавата е лажна, по што трговскиот центар бил повторно отворен, а вработените се вратиле на нивните работни места.

Полицијата ги проверила сите простории во трговскиот центар. Од српското МВР соопштија дека добиле анонимна дојава дека во „Делта сити“ ќе биде извршен бомбашки напад.

Српската полиција во моментов работи на пронаоѓање на лицето кое што ја дало дојавата.

Треба да знаете
Последни објави