Search

Балканот зафатен од силни ветришта и невреме

Проблеми во сообраќајот, прекини на електрична енергија и вода, како и значителни материјални штети предизвикаа силните ветришта кои денеска ги зафатија западните делови на Балканскиот Полуостров.

Невремето во Хрватска предизвика значителни проблеми во сообраќајот. Особено беше погоден реонот на Горски Котар, кој според хрватските медиуми целосно бил отсечен од остатокот од државата.

Затворени се сите државни и локални патишта во тој дел на Хрватска, пред се поради опасноста од паѓање на дрвја на патот и нивно тешко отстранување.

Дел од автопатот Ријека-Загреб е отворен само за патнички возила, додека на Јадранската магистрала меѓу Нови Винодолски и Сењ забранет е сообраќајот за катни автобуси, мотори и возила со камп приколки.

Од хрватскиот автоклуб предупредуваат дека коловозите во земјата се влажни и дека се можни одрони во Истра, хрватсктоо приморје, Горски Котор и во централна и северозападна Хрватска.

Претходно затворен беше и граничниот премин Грушковје/Мацеп кон Словенија поради лизгање на земјиштето, дрва на патот и одрони, а поради силните ветришта и поројни дождо, непроодни се неколку патни правци и во Словенија, додека голем број на домаќинства во земјата останаа без струја и вода.

Во регионот на Љубљана, околу 18 илјади домаќинства се без електрична енергија, а околу 10 илјади без струја се во областа на Марибор.

Ветерот откорна многу дрва, поради што се непроодни и главните патишта, додека автопатот Драженци-Грушково, кој води кон Хрватска, е затворен поради одрони.

Затворени се и основните училишта во северозападниот дел од Словенија, додека во регионот на Корушка и Целје ветерот однесе и покриви од неколку куќи и деловни објекти.

Во Словенија забележан е и пораст на нивото на реките, потоците и одводните канали. Официјални претставници предупредија дека во попладневните часови може да дојде и до поплави.

Слична е ситуацијата и во Босна и Херцеговина. Во Тешањ е урнато минарето и нанесени се уштети на една џамија, поради што оштетени се и неколку објекти во близина.

Во населбата Јеваџије однесена е кровната конструкција на станбена зграда, а во Радуша е урнат електричен столб.

Силниот ветер во општина Маглај падна дрва и однесе покриви на куќите. На сила е вонредна состојба на патот Турбе – Бања Лука, а силни ветришта се забележани и на други патни правци низ БиХ.

Ветровите во Бања Лука достигнуваа до 100 километри на час, а регистрирани и се и три лица кои се пожалиле на повреди. Оштетени се шест моторни возила, а урнати се поголем број на дрва, реклами и сообраќајни знаци и опрема.

Треба да знаете
Последни објави