Search

Протест на ВМРО-ДПМНЕ пред Министерството за правда

Протест против приведувањата пратеници и други лица за учество во настаните во Собранието од 27 април годинава, се одржа вечерва пред Министерството за правда во Скопје во организација на ВМРО-ДПМНЕ. 

Пред насобраните поддржувачи се обрати пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ  Влатко Ѓорчев, кој порача дека нема слобода таму каде што во затвор се пратеници, уметници, актери, режисери, блогери, административни службеници и останати службеници. 

На протестот заедно со пратениците Крсто Јовановски, Зоран Илиоски и Антонио Милошовски, присуствуваше и Никола Груевски, кој вчера поднесе оставка од лидерската функција во ВМРО-ДПМНЕ. 

Ова е 14. протест по ред на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, која бара ослободување на притворените лица за крвавите настани во Собранието од 27 април. Протестот, како што е најавено, ќе продолжи и утре во 18.00 часот.

11122017205935_web_vlatko-gjorcev-640x327.jpg

Треба да знаете
Последни објави