Search

Почна изградбата на нова детска градинка во Ново Лисиче

Градоначалникот на општина Аеродром, Златко Марин и министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска денеска во кругот на градинката „Буба Мара“ во Ново Лисиче со поставување камен-темелник официјално го означија почетокот на изградба на нова детска градинка со капацитет за згрижување 200 деца.

Станува збор за модерна детска градинка во рамки на градинката „Буба Мара“, односно нов објект кој ќе ги исполнува сите неопходни стандарди и ќе обезбеди современи услови за згрижување и престој на деца од претшколска возраст, соопштија од општината.

Новата градинка, чија изградба се очекува да заврши наредната есен, ќе содржи осум занимални со сопствени санитарни јазли и кујна на вкупна површина од 1.500 квадратни метри.

– Со изградбата на новата градинка очекувам дека ќе се задоволи реалната потреба од поголем капацитет за згрижување на децата во Ново Лисиче и да се подобрат условите за престој и воспитување на децата – изјави градоначалникот Марин.

Инаку, средствата за новата детска градинка од околу 40 милиони денари се обезбедени од буџетот на општина Аеродром.  

Треба да знаете
Последни објави